| четврток, 6 декември 2018 |

Државата да одговори: Легија снимен на ноќна забава (ФОТО)

legijaНајчуваниот затвореник на Балканот, кој одлежува 40 години затвор за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, Милорад Улемек Легија бил снимен како слободно се забавува на еден од белградските сплавови. Присутните велат дека одлично се забавувал, а бил во друштво на сопругата Александра и некои поранешни припадници на Земунскиот клан. Легија не се обидувал да се сокрие, бил пројатен и разговарал со сите кои му приоѓале. Секако, вниманието му годело.

легија
Слободните денови Легија ги искористил и да прошета по Белград и да се види со старите другари од Земунскиот клан, секако преживеаните.

937696-11
ОД затворот Забела велат дека командантот на Црвените беретки ги заслужил слободните денови со добро поведение и дека е човечки да му се даде втора шанса пред истекот на 40-те години. Барем за први април.
Првоаприлска честитка од Еспресо.рс 🙂

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top