Најактуелните новости што ги опкружуваат во секојдневието беа идеите за маски оваа година во Неготино. Маските како Бетмен, Хурем, пожарникари, фудбалери, девојки во црно – се само дел од стотиците што денеска ги красеа најмладите неготинци кои на тој начин го одбележаа 1 април.
Уште од раните утрински часови при заминување во градинка или на училиште можеше да се регистрира возбуденоста кај најмладите неготинци од денешниот настан на кој пред своите воспитувачи, наставници и родители тие се претставија со маски од кои дел беа набавени од трговската мрежа во градот, а дел беа изработени со поддршка и помош од родителите и нивните најблиски.
Во овој настан се вклучија најмладите од двете детски градинки во Неготино, како и учениците од двете основни училишта, создавајќи притоа прекрасна атмосфера во која и самите тие уживаа, но и сите кои имаа можност да ги видат нивните маски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.