| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Гонзалес е осмиот странски селектор на Македонија

mukaetov i gonzales

По Драган Нишевиќ, Веселин Вујовиќ, Тута Живковиќ, Јошко Петковиќ, Драган Ѓукиќ, Ивица Обрван и Лино Червар, Раул Гонзалез е осмиот селектор странец кој ќе ја предводи македонската репрезентација. Ако сите прeтходници беа тренери кои доаѓаат од бившите југословенски простори, сега првпат изборот падна на стручњак од ракометната велесила Шпанија.

Но, Раул со години е во Македонија, постигна забележителни резултати и добро го говори македонскиот јазик. Од ростерот на репрезентативци во репрезентацијата се Стоилов и Поповски, но до минатата сезона соработуваше со Дејан Манасков и Филип Лазаров. Беше дел од стручниот штаб во Мадрид кога за Сиудад Реал и Атлетико Мадрид настапуваше Кирил Лазаров.

Раул ја продолжува шпанската доминација на тренери низ Европа, бидејќи стручњаците од оваа земја играат главна улога во европскиот клупски и репрезентативен ракомет. Ако за кратко нашиот ракомет се поистоветуваше со селекција и селектор со Металург како база, сега ќе ја води тренер на Вардар, но со само еден-два вардарци во националниот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top