| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски вина ќе се дегустираат на саем во Кина

Македонските винарии ќе учествуваат на десеттото издание на саемот „Интервине“ во Кина

makedonski vina

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, во согласност со програмата за поддршка на извозот на македонски производи обезбеди финансиска поддршка за простор и штанд од 120 м2 за македонски компании производители на вино.

Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Попов, Бовин, Камник, Дудин, Езимит, Имако и Попова Кула се македонските винарници кои заедно се претставуваат на десетото издание на саемот Интервине во Кина. Покрај виното, се презентираат и туристичките и инвестиционите потенцијали на Македонија.

Ова е најголемиот саем во облата Гвандонг, јужна Кина на кој своите вина ги презентираат повеќе од 500 изложувачи од 20 земји од светот и истиот привлекува повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино од Кина.

Дегустација на македонските вина од сортата вранец е предвидена во рамките на саемот, а ќе ја води реномиран сомелиер, прес-конференција и презентација за Македонија како туристичка и инвестициона дестинација за љубителите на вино.

На натреварот за вино, кој се одржа во склоп на саемот, учествуваа 130 вина од 20 земји од светот, наградени беа македонските вина „вранец веритас 2011“ од винарницата „Стоби“ за најдобро црвено вино, како и виното „дисан 2010“ од винарницата „Бовин“ за најдобро оценето вино во категорија најдобар сооднос на цена и квалитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top