| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Гонзалес: Горд сум што ќе бидам селектор на Македонија

Sport78-Raul-Gonzales-1

Откако и официјално беше потврдено на денешната sедница од УО на РФМ, Раул Гонзалес е промовиран во нов селектор на нашата ракометна сениорска машка селекција. Шпанскиот стратег на клупата на Вардар, при потпишување на договорот, кој е со важност од 1 април 2017 до 1 септември 2020 година, истакна дека очекува плодна работа.

– Сакам најпрво да се заблагодарам на претседателот на Вардар, Самсоненко кој ми дозволи да ја прифатам оваа работаа. Горд сум што ќе бидам селектор на Македонија. Ветувам дека ќе работам максимално како што тоа го правам во Вардар. Јас имам желба за работа и ќе се трудиме да ги постигнеме зацртаните цели. Јас сакам првично да пробам многу играчи, 20-25, а не да имам само фиксна бројка. Планирам, исто така, да поразговарам со досегашните репрезентативци поединечно. Знаете, би сакал националниот тим да игра како Вардар, но многу е поразличен типот на играчи кои ги имам во клубот и сега во селекцијата – изјави веднаш по промоцијата, Гонзaлес.

Официјалното деби на клупата на нашата селекција, Раул Гонзалес ќе го има на 5 април во дуелот од третото коло од квалификациите за ЕП во Хрвaтска, на домашен терен против Исланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top