| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва „Балетска вечер на Бурнонвил“ во МОБ

В среда (05.04.) во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе се одржи премиерата на „БАЛЕТСКА ВЕЧЕР НА БУРНОНВИЛ“.

По тој повод Македонската опера и балет одржа конференција за медиуми на која стана збор за овој несекојдневен настан кој претставува всушност ретроспектива за творештвото на еден од најпознатите светски кореографи, Аугуст Бурнонвил.

-Премиерата на „Балетска вечер на Бурнонвил“ е трилогија составена од инспирациите на авторот од три земји: Франција, Италија и Шпанија. Насловите на трите делови на делото се: Конзерваториум, Фестивал на цвеќето и Прозорецот. Авторската екипа која ја пренесува кореографијата на Аугуст Бурнонвил (Данска) а е работена на музика од Х. С. Паули, Х. К. Лумбие, В. К. Холм, Е. Хелстед, поставена е и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен од Данска. Сценограф: Зоран Николовски, Костимограф: Марија Пупучевска, Асистент на продуцентите: Саша Евтимова, Концерт мајстор: Климент Тодороски, кој исто така ќе настапи и како солист на виолина, истакна Олга Панго, уметнички директор на балетот при МОБ.

Репризата на „ БАЛЕТСКА ВЕЧЕР НА БУРНОНВИЛ “ е закажана за петок, (07.04.), а со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top