| четврток, 6 декември 2018 |

„Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини в петок на сцената на МОБ

Во петок, (09.11.2018), со почеток во 20 часот, во салонот на Македонската опера и балет ќе се одржи популарната opera buffo, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.

Авторската екипа е составена од: Диригент, Иван Еминовиќ. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), Асс.режисер: Љупка Јакимовска , сценограф,  Марија Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Васко Лисичов, концерт мајстор: Верица Ламбевска, Асс.хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Николина Јаневска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски, Камениот човек: Борко Биџовски.

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на МОБ, како и online на www.mob.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top