Општина Струмица додели 3.291.636 денари од oпштинскиот буџет за 2017 година на 25 здруженија и фондации. Ова на денешната прес-конференција го соопшти в.д. градоначалникот Коста Костадинов, кој рече дека реализацијата на овие проекти ќе значат уште еден значаен исчекор во растежот на општината.
– Според одлуката на комисијата, од програмата В2 социјална заштита, одобрени се финансиски средства за четири здруженија, во вкупна вредност од 493.382 денари, а во програмата Г1 локален економски развој, култура, развој на образованието, млади, и соработка со граѓански сектор, финансиска поддршка од буџетот на општина Струмица ќе добијат 21 здружение или фондации, во вкупна вредност од 2.798.254 денари, рече Костадинов.
По јавните повици за финансиска поддршка на здруженија и фондации од општина Струмица, објавени на 2. март, деновиве комисијата при Секторот за локален економски развој при општина Струмица, во која партиципира и претставник од здруженијата на граѓани, изврши оценување на пристигнатите проекти. Притоа, покрај квалитетот на проектите, клучен предуслов за истите беше придржувањето кон Стратегиите и Акциските планови кои ги има донесено општина Струмица, додаде Костадинов.
Според в.д. градоначалникот, финансирањето на здруженијата на граѓани и фондациите се продолжение на досегашните позитивни практики кои поради бенефитот кон граѓаните добиваат континуитет, сметајќи дека на тој начин Струмица се издвојува како единствена општина која, на овој начин, го интензивира прогресот на заедницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.