ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и Сорос се едно кога станува збор за форсирање на антидржавната агенда и, како што велат, Павле Богоевски, Ивана Туфекџиќ и Лидија Димова се само дел од послушниците на Зоран Заев кои го докажуваат тоа.
„Тие се наследниците на Милчин кој нема никаков проблем да седи во највисоките раководни тела на СДСМ, а себеси да се претставува како неутрален и објективен дел од граѓанскиот сектор. Јасно е како бел ден дека нивните платенички револуции или пленуми, исто како и нивните невладини организации не ги интересира ниту граѓанското општество, ниту просперитетот на државата“, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Во него се додава „ваквите луѓе ги интересираат само нивните банкарски сметки и функциите и оти поради тоа, како што се истакнува, се подготвени да напаѓаат и повредуваат полициски службеници, да палат, демолираат и уништуваат“.
„Ваквите ликови не се граѓански сектор и не може да ги застапуваат интересите на граѓаните. На Македонија ѝ треба вистински невладин сектор кој ќе ги препознае потребите на граѓаните и вистински ќе се бори за нив. На Македонија не ѝ требаат платеници кои заради нечија политичка агенда ќе спроведуваат валкани насилни кампањи. Токму затоа е неопходен процесот на десоросоизација на македонското општество“, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос