Штуро и оскудно соопштение испрати Општината Струмица како реакција на криминалната афеара која што ја отвори „Република“ околу злоупотребите на Зоран Заев на законот за легализација на дивоградбите.
„Република“ втор ден објавува документи на кои се гледа дека Заев ја злоупотребил администрацијата и функцијата и го изигрува законот со легализација на објектите на хотелскиот комплекс „Цареви кули”.
Во соопштението, и покрај сериозните докази кои во јавност ги изнесе „Република“, кусо се наведува дека „се е по закон во врска со предметот”, како и дека „немаме намера да влегуваме во сценарија”.
Ваквото штуро соопштение, а имајќи ја предвид документацијата до која дојде „Република“, само отвора уште поголем сомнеж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.