Официјален ветеринар врши контрола на терен по вчерашниот напад на куче во Катланово, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.
Според него, не станува збор за куче скитник, туку за куче кое има стопан.
Тој информира дека се уште се следат и кучињата во кичевското село Бачишта. За сега испитувањата покажаа дека кај нив нема знаци на беснило.
– Беа изолирани и ставени под официјален надзор сите кучиња кои извршија напад, тие уште се следат зашто периодот на изолација трае 15 дена, првиот, седмиот и 15-от треба да се види дали пројавуваат какви било симптопми на беснило. До овој момент нема такви симптоми, информира Поповски и додаде дека АХВ ќе ја интензивира соработката со општините за изградба на прифатилишта за бездомни кучиња.
Надзор е извршен и врз кучето во Неготино кое, исто така, касна дете. Процедурата продолжува со вакцинирање на кучињата против беснило и нивно идентификување со микро чип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.