Фудбалерите на Манчестер јунајтед денеска се собраа на првиот тренинг по репрезентативната пауза, а Мурињо имаше доста причини да биде незадоволен. Во моментов дури седум играчи не се достапни за тренинг, а Мајкл Керик е единствениот играч за врска на кого може да смета португалскиот стратег за претстојниот премиерлигашки натпревар.
Со повреди од репрезентациите се вратија Фил Џонс, Крис Смолинг и Маруан Фелаини, додека од претходно со повреди се мачат Вејн Руни и Пол Погба, а Златан Ибрахимовиќ и Андер Ерера се суспендирани.
„Црвените ѓаволи“ ќе имаат тежок распоред во април, а овие повреди се дополнителни главоболки за Мурињо. Веќе в сабота Јунајтед го пречекува ВБА, а целосниот распоред за април е:
04.април – против Евертон дома
09.април – против Сандерленд на гости
13.април – против Андерлехт на гости
16.април – против Челси дома
20.април – против Андерлехт дома
23.април – против Барнли на гости
27.април – против Манчестер сити на гости
30.април – против Свонси дома
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.