Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја спроведе одлуката на Управниот одбор и денеска ја исплати премијата од 30.000 евра на ракометарите, кои ја остварија целта и се пласираа во втората фаза на СП во Франција.
Македонија имаше солидни резултати на ракометниот Мундијал и победи против Тунис и Ангола, а одигра нерешено против Исланд, што беше доволно за осминафинална фаза. Таму, македонските ракометари се сретнаа со расположената Норвешка, која преку нас стигна до најдобрите осум и подоцна во големото финале, каде загуби од домаќинот Франција.
Репрезентативците ја добија заслужената награда, која ќе биде мотив плус за понатамошни успеси на големите натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.