На 76-годишна возраст почина помалата сестра на Фидел Кастро – Агустина Кастро Ру, објавија светските медиуми. Жената починала во неделата во Хавана. Причина за смртта се настанатите компликации по операција.
“Таа почина рано наутро. Се чувствувам многу лошо, беше многу слаба “, коментира за El Nuevo Herald сестрата на Агустина, Хуанита Кастро. Според податоците на телевизискиот канал Telemundo, во последните години Агустина Кастро Рус страдала од Алцхајмерова болест.
Таа никогаш не учествувала во политичкиот живот на Куба и не заземала некакви државни функции. Сестрата на Кастро беше мажена за познатиот пијанист Силвио Родригез, кој почина во 2009 година. Агустин има три деца. Нејзината ќерка живее во Куба, а нејзините двајца синови – во Флорида.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.