Антонио Милошоски реплицирајќи и на Радмила Шеќеринска од СДСМ рече дека Македонија има Устав без разлика дали СДСМ тоа го сакале или не.
-Незаконски може некој да си издава станови под ќирија на сопствената фирма. Но, не може никој незаконски да ја издава Република Македонија. Шеќеринска е сопственик и стопан на своите многу станови. На Република Македонија стопан е македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија кои што имаат една единствена цел, да живеат во унитарна и стабилна држава, економски напредна во која нема да има „едно евро за мене, едно за Вицето“, нема аболицирани криминалци да ја водат државата и нема платформи од странство да бидат наш Устав, истакна на собраниска седница Милошоски во својата реплика на Шеќеринска .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.