| четврток, 6 декември 2018 |

О’Шеј: Добро е што можам да одам после тоа што ми го направи Бејл

oshea-bale

Квалификацискиот меч за Светскот првенство во Русија меѓу Ирска и Велс донесе навистина груб фудбал кој најмалку го посакуваат фудбалските фанови, а во таква ситуација, најдебелиот крај го извлече десниот бек на Евертон Семус Колмен кој заработи скршеница на ногата по еден лудачки старт на Нил Тејлор.

Тешката повреда која ја заработи ирскиот дефанзивец предизвика многу негативни коментари за грубата игра на гостите на овој меч, па можеби и поради тоа остана во сенка уште еден опасен старт кој инаку го изведе Герет Бејл.

Ѕвездата на Реал Мадрид доста непретпазливо го покоси Џон О’Шеј во противничкиот шеснаесетник со отворен ѓон, а сега поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед открива дека морале да му бидат ставени навистина многу конци за да биде санирана повредата.

– Можеби ќе го пропуштам следниот пријателски меч со Исланд, но добро е што можам да одам после тоа што ми го направи Бејл. Фала му на Бога, можам да одам и брзо да се вратам на терените. Имав многу среќа, но таков не беше случајот со Колмен. Во нормални услови, тоа требаше да бидат два црвени картони, не можам да се сетам колку конци му беа потребни на докторот за да ми ја санира повредата. Јас разбирам дека овие натпревари носат посебна страст, но такви задоцнети стартови се друга приказна и треба да бидат драстично казнети, – порачува О’Шеј кој јавно го нападна Бејл, но и Нил Тејлор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top