| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл: Останувам во Реал Мадрид

Велшкиот репрезентативец и најскап фудбалер на светот Герет Бејл за англиските медиуми го потврди неговото останување во Реал Мадрид. ­

– Јас сум играч на Реал и ќе продолжам да бидам иследната сезона. Уживам во Мадрид, задоволен сум во клубот и се радувам на можноста да се борам за нови трофеи. Сакам што повеќе трофеи, изјави Бејл.

Бејл минатата сезона постигна 17 голови со 12 асистенции.

Велшанецот честопати беше на мета на медиумите и навивачите поради поголемите очекувања од него. Се шпекулираше дека речиси сигурно ќе го напушти „кралскиот клуб“ и ќе замине во Манчестер Јунајтед, но тој денеска ги демантира тие гласини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top