| четврток, 6 декември 2018 |

Сеирот продолжува, Бејл доби прекар Невидливиот

bejl

Герет Бејл одигра многу слаб меч против Јувентус, што предизвика стотици реакции на социјалните мрежи и во медиумите, а најновиот прекар за Велшанецот е Невидливиот. Герет не се виде на теренот, иако олеснителна околност за него е што не играше на неговата позиција во тимот на Реал Мадрид.

Педантните статистичари пресметаа дека Велшанецот во Торино само 19 пати ја допрел топката, па дури и голманот Касилјас повеќе „се дружеше со топката“ и имаше 26 допири. Карло Анчелоти застана во одбрана на Бејл, но шегите на социјалните мрежи не престанаа, па и бесот на навивачите на Реал Мадрид. Бејл веќе подолго време на игра на препознатливо ниво и оваа сезона не ја оправдува инвестицијата од 100 милиони евра што кралскиот клуб ги плати за него на Тотенхем.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top