Реал Мадрид има неочекуван проблем на стартот од сезоната, а главоболката тежи 100 милиони евра и се вика Герет Бејл. Велшанецот е најскапиот фудбалер во историјата на најважната споредна работа на светот, но тешко се адаптира на новата средина. Во Реал и не беа доволно трпеливи, па сега 23-годишниот ол-раунд играч се повреди.
„Колку што видов досега, нема да биде лесно за Реал да го вклопи Бејл експресно во првиот состав, како што се очекуваше. Засега излегува дека се платени премногу пари за него“, изјави Хорхе Валдано, поранешниот извршен директор на Реал.
Бејл по многу перипетии и долги преговори од Тотенхем летово за 100 милиони евра пристигна во Мадрид во редовите на најтрофејниот европски клуб. Тоа е рекорден трансфер во светот на фудбалот, но адаптацијата на новата средина за 23-годишниот играч тешко оди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“