Граѓаните на Кочани и вечерва во масовен број се собраа пред споменикот на Никола Карев во Паркот на револуцијата од каде што го почнаа мирниот протестен марш низ улиците на градот со целосна подршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Кочанчани и вечерва протестираа против обидите за редефинирање на државата, против поделбите меѓу македонскиот народ и воведувањето на албанскиот за втор службен јазик. Тие се едногласни во барањето за унитарноста на државата, а македонскиот јазик да си остане службен јазик на целата територија на државата.
По вообичаената маршрута која се движеше низ улиците на градот покрај кочанска река, низ трговскиот центар, учесниците на мирниот протестен марш дојдоа пред споменикот на Карев во градскиот парк каде што на присутните им се обрати Аника Илијеска Ѓоргиева, роднокраен автор од Кочани.
– Да не дозволиме да ни ја поделат државата, да го избришат македонскиот јазик, да ја снема слободата за која гинеле илјадници наши најблиски. Да ја сочуваме унитарноста на државата и пред се нашето единство, сплотени заеднички во одбраната на Македонија, рече Илијеска Ѓоргиева.
Таа пред присутните читаше своја револуционерна поезија, како и поезија од македонски поети со патриотска содржина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Томаж Космач и Марко Брецељ гостуваат во Кочани на промоцијата на книгата „Панкот не е мртов“
-
Ќерката која ја преживеа семејната трагедија во Кочани ќе остане во болница под надзор на психијатар