| четврток, 6 декември 2018 |

Бујар Османи ги потврди информациите на „Република“ – Талат Џафери ќе биде претседател на Собранието

talat dzaferi

Медиумите под контрола на СДСМ и Сорос го потврдуваат она за што „Република“ пишуваше уште на 10 март – кандидат за претседател на Собранието на ДУИ, но и на парламентарното мнозинство, е Талат Џафери. Ова е еден од условите во тиранската платформа, создадена во Трана од албанските партии и прифатена од СДСМ со единствена цел да се укине македонската државност.

Талат Џафери претседател на Собранието на РМ

По внатрешните анализи, но и по консултациите со другите политички партии, беше одлучено кандидатот на ДУИ, но и на парламентарното мнозинство претседател на Собранието на Македонија да биде Талат Џафери, изјави за ТВ21, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Талат Џафери ќе раководи со една од трите челни позиции во државата од позиција пред се на Албанец, а не на политичар.

Тој е еден од пратениците со најмногу искуство во Парламентот и како координатор на пратеничката група неколку мандати по ред и како поранешен министер за одбрана, сметаме дека ефикасно ќе ја извршува обврската на претседателот на Парламентот во услови на големи дивергенции во Парламентот. Ова исто така е и едно од ветувањата на ДУИ кое што се реализираше, а тоа е еден од трите челни функции на државата да ја раководи Албанец. Сметаме дека следната недела ќе ја започнеме процедурата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, рече Османи.

Преку Талат Џафери како претседател на Собранието почнува реализацијата на тиранската платформа на Еди Рама во Македонија (ВИДЕО)

Според Уставот, претседателот на Собранието е втор човек во државата и заменик-врховен командант, што значи дека во отсуство на претседателот Ѓорге Иванов, Талат Џафери ќе ја води дравата и ќе биде врховен командант на вооружените сили на РМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top