| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска: Оној упропасти бомби, овие упропастуваат тоа што преостана од бомбите

За ова ли протестираа шарените?, прашува универзитетската професорка Билјана Ванковска, додавајќи дека гласовите за Заев не беа дадени и за албанската платформа. Според професорката, Шарените прокоцкаа се за што наводно се бореа.

ванковска

– И јавноста пак си најде сеир! Наместо „нема правда, нема мир“, сега се скандализира од даночно затајување и купување долен веш, шминки и душеци – како своевремено со Зоки и Горде и Хју Грант! Знам дека на Шарените веќе не им се протестира, а мене дури сега ми пука филм: па, за ова ли се маршираше? За шамарите, тендерите и даночното затајување ли правеа маички со трите „хероини“, па дури и револуција (би имале право да прашаат)? За албанска платформа ли го гласавме Заев, па и Сеља да му биде фактор (реален мандатар) во влада? Не знам кој им е пи-ар советник, ама ЕПТЕН ја утнаа! ЕПТЕН прокоцкаа се’ за што (наводно) се бореа! Оној упропасти бомби, овие упропастуваат тоа што преостана од бомбите – напиша професорката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top