| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска презема мерки за заштита од долговите на „Агрокор“

agrokor

Владата на Хрватска подготвила нацрт закон за да се заштити економијата во државата поради проблемите во „Агрокор“.

Најголемата прехранбена компанија на Балканот со приходи еднакви на 15 отсто од БДП на Хрватска, е подложена на притисоци од инвеститори и државата да ги плати долговите. Нацрт законот ќе биде активиран во случај состојбата во економијата да се влоши заради проблемите во „Агрокор“, објавија хрватски медиуми.

Законот ги заштитува работните места и дистрибутерите на „Агрокор“. Околу 60.000 луѓе на Балканот работата за оваа хрватската компанија. Во септември долговите на „Агрикор“ беа околу 45 милијарди куни (6,55 милијарди долари), колку што се и на годишно ниво приходите – 50 милијарди куни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top