| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на СДС безмилосно ја турка државата во долгови, наместо за ветените плати се троши на луксуз

Владата на СДС безмилосно ја турка државата во долгови. Македонската јавност е сведок дека владата на СДС за овие неполни три месеци државата секој ден ја задолжува. Заев и Тевдовски единствена мерка што ја спроведуваат е исплата на партиските долгови кон послушниците и соросовите активисти со пари на граѓаните преку забрзано задолжување, изјави Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека вчера министерот за задолжување државата ја задолжи за нови 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра. А, за сето ова ова мегафоните на СДС молчат и замижуваат пред вистината.

– Заедно со вчерашната аукција за овие 75 дена Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра. Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност на дневно ниво ја задолжи државата за речиси 1.933.333 евра. Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност на секој час ја задолжува државата за речиси 80.555 евра. Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност секоја минута ја  задолжува државата за речиси 1.342 евра, посочува Делев.

Тој вели дека граѓаните од оваа влада за овој период од реформи видоа само долгови.

– Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми на пари. Време е владата на СДС да одговори на граѓаните на што планира овие пари да ги потроши дали за остварување на дадените ветувања за минималната плата од 16.000 денари, просечната плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите, или пак за луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници. Заради неработата, непосветеноста и негрижата СДС набрзо ќе се соочи со политичката одговорност, нагласува Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top