| четврток, 6 декември 2018 |

Поради долгови ја запленуваат куќата на починатиот Ѓоша!

Познатиот српски актер Богољуб Митиќ Ѓоша чија ненадејната смрт ги изненади го спречи да ја исполни својата голема желба, да ја заврши семејната куќа.

Според пишувањата на српските медиуми Ѓоша бил во долгови до гуша и тоа кај свој колега. Неговиот кум Предраг Смиљковиќ за медиумите откри дека за жал неговото семејство не е во состојба да ги врати долговите.

-Семејството на Ѓоша нема од што да ги врати парите. Неговата мајка е болна, а братот преживеа инфаркт, открива кумот на починатиот актер и негов колега. Од друга страна мајката на Ѓоша, Зорка, тврди дека одредени колеги на нејзиниот син веќе поднеле тужба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top