| четврток, 6 декември 2018 |

Ексклузивно: Жерновски на ново ја изградил северната трибина

zernosvski

Ре­дак­ци­ја­та на „Двог­лед“ пре­ку свои „свир­ка­чи“ поз­на­ти на ре­дак­ци­ја­та, а од СЈО за­шти­те­ни хе­рои за јав­но­ста, дој­де до екск­лу­зив­ни до­ку­мен­ти и сним­ки од ноќ­ни­те гра­деж­ни актив­но­сти на цен­тар­ски­от гра­до­на­чал­ник и на не­го­ви­те најб­ли­ски со­ра­бот­ни­ци. Не, не бе­ше ре­дел Ан­дреј коц­ки на но­ва Бо­ем­ска улич­ка, ни­ту, пак, гу­шкал кан­де­ла­бри во тес­ни­те де­бар­ма­ал­ски со­ка­ци. Ни­ту, пак, чу­вај бо­же, се пу­штил со па­ја­кот на по­бра­ти­мот да ги со­бе­рат во­зи­ла­та пар­ки­ра­ни на ке­јот под ГТЦ.

Жер­нов­ски ги оста­вил на­стра­на си­те овие се­којд­нев­ни актив­но­сти и во пре­срет на Су­пер­ку­пот на УЕ­ФА 2017 го­ди­на на аре­на­та „Фи­лип Вто­ри“, ка­ко до­бар до­ма­ќин, ја ре­из­гра­ди се­вер­на­та три­би­на! Се­ка­ко, за без­бед­но­ста на го­сти­те на тој спе­ктакл не мо­же да ја оста­ви на друг, мо­ра да се пот­пре на сво­ја­та до­ка­жа­на ин­ту­и­ци­ја. За­тоа Ан­дреј го со­брал си­от ка­па­ци­тет со искус­тво од две улич­ки и го за­вр­шил тоа што најм­но­гу му те­же­ше си­те овие го­ди­ни. Упа­те­ни во тај­ни­от про­ект ве­лат де­ка гра­до­на­чал­ни­кот но­ќи не спи­ел уште отка­ко во 2009 го­ди­на му се со­ни­ло де­ка три­би­на­та ќе пад­не. Тој то­гаш со сво­е­то се­из­мо­ло­шко прет­чув­ство и вро­де­но чув­ство за ста­ти­ка, со се­та по­ли­тич­ка од­го­вор­ност спо­де­ли де­ка не­ма до­вер­ба во без­бед­нос­та на но­во­из­гра­де­на­та се­вер­на три­би­на.

– Не­мам до­вер­ба во без­бед­нос­та на но­во­из­гра­де­на­та три­би­на, па за­тоа со си­но­ви­те ќе го сле­дам нат­пре­ва­рот од спро­тив­на­та стра­на. Не са­кам ниш­то да ри­зи­ку­вам, по­себ­но за­тоа што одам на ста­ди­он со де­ца­та – гла­се­ше уме­ре­но­то пре­ду­пре­ду­ва­ње од ид­ни­от гра­до­на­чал­ник.

Но­ќи и но­ќи, пос­лед­ни­те че­ти­ри го­ди­ни Ан­дреј вред­но гра­де­ше, до­де­ка мол­кум не­о­прав­да­но тр­пе­ше кри­ти­ки де­ка ни­што не сра­бо­тил, де­ка за­луд­но по­тро­шил огром­ни па­ри за две со­ка­чи­ња. Упор­ни­от гра­до­на­чал­ник на­ве­чер од те­мел из­гра­дил но­ва три­би­на, со ста­бил­ни стол­бо­ви, со сво­е­рач­но прес­ме­та­на ста­ти­ка.

Не са­мо тоа, за се­кој столб по­е­ди­неч­но ан­га­жи­рал по еден бли­зок со­ра­бот­ник, па не мо­же еден гра­до­на­чал­ник сво­ја­та ста­бил­ност да ја оста­ви ко­му би­ло! Не се зас­лу­жу­ва лес­но Бо­ем­ски сер­ти­фи­кат за ста­бил­ност во Цен­тар. Гла­вен збор за ме­ха­ни­за­ци­ја­та и за ло­ги­сти­ка­та на из­град­ба­та се­ка­ко де­ка имал нај­го­ле­ми­от па­јак во цен­та­рот на гра­дот. Па и кој би зна­ел по­до­бро што тре­ба да из­др­жи ед­на три­би­на од по­ра­не­шен на­ви­вач­ки „во­ѓа“.

Во оваа ур­ба­но-ге­рил­ска ак­ци­ја учес­тву­ва­ле ду­ри и ед­на по­ра­неш­на но­ви­нар­ка и еден по­ра­не­шен ка­мер­ман, се­га вдо­ме­ни во Цен­тар за се­то тоа да би­де сни­ме­но и ар­хи­ви­ра­но. Ќе при­тре­ба на­ско­ро, ко­га не­ма што дру­го, Ан­дреј ка­ко свој ус­пех да ја при­ка­же из­држ­ли­во­ста на три­би­на­та! Би­деј­ќи до­а­ѓа­ат из­бо­ри, а не­до­дел­ка­ни­те збо­ро­ви не се за­бо­ра­ва­ат лес­но. Осо­бе­но ко­га че­ти­ри го­ди­ни те вр­зу­ва­ат са­мо за две улич­ки.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top