
Денес 25-тиот ден откако излеговме на улица. Ако се сеќавате, рекоа дека на 24 март ќе формирале влада. Ние гарантираме, сите 200.000 кои излегуваат на улица, дека на 24 ти март нема да има влада качена на Тиранската палтформа, и тоа треба да им е јасно. Нè видовме колку сме, но не знаете колку може да бидеме, истакна на денешниот протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски.
-Ние сите 200.000 по улиците, рековме и повторуваме не смее да се избере било кој претседател на Собранието на Република Македонија кој нема да се откаже од Тиранската платформа и од нејзината суштина и од тоа нè отстапуваме. ако некој сака да не тестира нека повели. Стравот веќе не живее меѓу нас. Ние сме слободни, бидејќи лесно е да си слободен кога ја говориш вистината и се бориш за неа. Храбри сме бидејќи ни е должност и благодет да сме храбри кога се работи за најчесната од исте битки, онаа за својата држава, вели Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


