Дваесет и четиригодишниот скопјанец А.Ј. бил донесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопјесо убодна рана во пределот на грбот во близина на срцето. Настанот се случил вчера околу пладне.
Со повредата се здобил во близина на неговиот дом, по претходна вербална расправија за љубовна врска со некоја девојка, при што од страна на Е.Н. му била нанесена повредата.
На момчето му била констатирана тешка телесна повреда и ќе биде задржан за понатамошно лекување. Тој се наоѓа надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.