| четврток, 6 декември 2018 |

Работник тешко се повредил додека го поправал лифтот

Несреќа на работното место, работник додека вршел поправка на лифт тешко се повредил.

– На 31.07.2018 година во 14.15 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив бил донесен Г.П. (28) од с.Агино Село, кумановско, вработен во приватна фирма. Додека вршел поправки на лифт во комплекс згради на бул.„Србија“, лифтот ненадејно тргнал и го повредил во пределот на вратот и грбот. Од страна на лекар, кај Г.П. биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен трудов инспектор, стои во соопштението на МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top