| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската репрезентација отпатува за Лихтенштајн

makedonska reprezentacija

Македонската фудбалска репрезентација утрово со чартер лет од скопскиот аеродром отпатува за Лихтенштајн каде утре од 20:45 часот на „Рајнпарк стадионот“ во Вадуз го игра петтиот квалификациски натпревар за пласман на СП 2018 во Русија.

Избраниците на Игор Ангеловски патуваат до швајцарски Цирих, од каде ќе следи трансферот до Вадуз за каде вечерва е планиран и официјалниот тренинг во очекување на утрешната средба.

Без никаква олеснителна околност, македонската јавност очекува единствено победа од настапот на нашиот национален тим против најслабата репрезентација во нашата квалификациска група. Во таа насока се и размислувањата на репрезентативци кои веруваат дека може да се дојде до првите три бода во квалификациите.

makedonska reprezentacija 1

– Нема што да објаснуваме премногу. Овој пат мора да дојдеме до победата. Не дека немаме негативни искуства од минатото и со Лихтенштајн, но сега мора безусловно да дојдеме до триумфот – ни прокоментира најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, пред заминувањето за Лихтенштајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top