| четврток, 6 декември 2018 |

МРТВ повеќе нема да ги пренесува натпреварите на македонската фудбалската репрезентација?

Македонската телевизија (МТВ) би можела да остане без телевизиски преноси од мечевите на фудбалската репрезентација на Македонија, што се забележува во документите објавени од Европската фудбалска унија (УЕФА), во кои стои дека телевизијата „Спортклуб“ е носител на телевизиските права за претстојните натпревари на „рисовите“, јави Нова Македонија.

УЕФА соопшти дека „Спортклуб“ ќе има право да ги емитува мечевите на Македонија од Лигата на нациите, квалификациите за Европското првенство во 2020 година, како и завршниот турнир, квалификациите за Светското првенство во 2022 година и други натпреварувања.

Љубителите на спортот во Македонија, моментално можат да ја следат програмата на „Спортклуб“ преку кабелските оператори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top