Оваа пролет ќе стартуваат нови геолошки истражувања и анализи за тоа што се крие во утробата на мистериозниот рудник Алшар, на локалитетот Мајдан, лоциран на планината Кожув.
Познати светски геолози овој рудник го нарекуваат најчувана тајна на нашата планета. Некои него го вреднуваат и како најголема тајна на човештвото, бидејќи во неговата утроба, наводно, се криела тајната на постанокот на космосот и на Сончевиот систем!
Како што информираат од компанија “Инфо груп”, која ја има концесијата за да врши детални геолошки истражувања на минерални суровини во овој локалитетот примарните анализи се готви, но се планира да се продолжи и со секундарни.
-Кога ќе се завршаат овие истражувања, кои се комплексен процес, точно ќе се знае каква е состојбата со рудното богатство, односно кои се потенцијалите на овој локалитет – велат од компанијата за Вечер.
Ако има доволен руден потенцијал од идната година по речиси еден век пауза ќе може да се даде зелено светло за евентуална експлоатацијата во рудникот.
Дека има ретки минерали во Алшар покажа и макотрпната работа на македонските научници кои што во април 2015 година во рудникот пронајдоа нов минерал. Истражувачки тим беше предводен од професор Блажо Боев, кој по 23 години научно истражување открил нов вид на досега непознат минерал од групата на талиумските минерали. Се работи за 55. минерал на талиумот што претставува значајно откритие во фундаменталниот дел од науката. За да се реализира научната дејност, голема помош е добиена од Владата на РМ, која овозможи преку програмата да се обезбедат соодветни лаборатории.
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот
Овој стар рудник бил во експлоатација до Втората светска војна, а потоа само истражуван. Во 60-тите години е утврдено дека во рудата на Алшар има присуство на антимон, арсен и талиум.
Според геолозите, од десетици регистрирани ретки кристали во светот, дури седум се во Алшар. Рудникот е познат и по лорандитот, кој директно потекнува од јадрото на Сонцето (неутрино тајна честичка), кој единствено од целата планета го има во Македонија.
Постојат сознанија дека можно е уште и на еден локалитет во Шри Ланка да го има минералот кој претставува најголема тајна на човештвото, бидејќи се претпоставува дека од него може да се добие вештачко сонце. Научниците објаснуваат дека лорандитот, исто така, претставува природен детектор на најситните честички на сонцето – неутрино, што значи дека единствено тој во експериментите во светските лаборатории може да ја препознае силината и моќта на реакциите на сонцето, односно минералот лорандит претставува најголема тајна на човештвото, оти се претпоставува дека од него може да се добие вештачко сонце. Истражувањата одат во таа насока што од конкретни реакции може да се добие таканаречено “вештачко сонце#, кое би ослободувало енергија за потребите на огромни територии. Научниците укажуваат дека Македонија зафаќа 0,017 % од вкупната светска територија, а поседува 3% од вкупното минерално богатсво.
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Талиумот е цврст сив метал кој е токсичен. Тој се употребува во електронската индустрија и за изработка на стакло, но и како отров за глувци и инсектициди.
Мештаните од ово регион велат дека на двесте метри од Алшар има еден вечно зелен рид на кој не смее да стапне ниту човекова нога ниту преживари. Во земјата на ридот има талиум, отров многу поопасен и од арсенот кој ако се внесе во организмот го соборува секој крупен добиток што се напасува таму.
Лево од Алшар и од овој зелен рид се наоѓаат извори со топла вода, а наспроти нив, на крајот на селото Мајден, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кого ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат сите простории во своите домови.
Целиот текст прочитајте го на Вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Алшар“ создаде пролетна колекција за девојки и жени кои се чувстуваат слободно и опуштено
-
„Алшар“ создаде колекција за на жените-револуционерки (галерија)
-
Силвија Михајловска, „Алшар“: Колекцијата „Калеш Анѓа“ е инспирирана од жените револуционерки кои се борат за своите права
-
Силвија Михајловска, модна креаторка: Сакам луѓе што не живеат по општоприфатени општествени правила