Модната креаторка Силвија Михајлвоска која стои зад брендот „Алшар“ ја подготовува новата колекција „Калеш Анѓа“ за 16. издание на Моден викенд Скопје кој ќе се одржи од 22 до 25 октомври во хотел „Мериот“.
Новата колекција на Михајловска е инспирирана од книгата на Стале Попов и од жените револуционерки кои се борат за своите права: слобода, право на слободен избор, рамноправност. Колекцијата е составена од 22 креации претежно во црна броја и неколку во црвена.
Често нејзините колекции се инспирирани од филмови или книги, како на пример колекцијата инспирирана од филмот на Сидни Полак „Моја Африка“, во кој главните улоги ги толкуваат холивудските ѕвезди Мерил Стрип и Роберт Редфорд. Потоа следеше есенска колекција „Deep blue“, инспирирана од морските длабочини. Михајловска за своите модели користи природни материјали како лен, памучен пуплин, памучен кепер, екокожа…
Михајловска следната година има и два јубилеја, 10 години од постоењето на „Алшар“ и 20 години од нејзината прва ревија на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ).
Што подготвувате за 16. издание на Моден викенд Скопје? Каква ќе биде новата колекција?
Михајловска: Новата колекција за 16. издание на Моден викенд Скопје се вика „Калеш Анѓа“ и е инспирирана од книгата на Стале Попов и од жените револуционерки кои се борат за своите права: слобода, право на слободен избор, рамноправност…од силните жени со слободна волја и со јасен став. Колекцијата е составена од 22 креации претежно во црна броја и неколку во црвена, со асиметрини кроеви и детали од облеката на македонските револуционери и нашиот фолклор интерпретирани на сосема модерен начин.
Дали сината и сите нејзини нијанси е најубавата боја на светот?
Михајловска: Претходната есенска колекција „Deep blue“ беше инспирирана од морето и од сите негови бои, најмногу од нијансите на синото. Сината боја преставува смиреност, длабочина, мудрост. Јас, сепак, најмногу ја сакам црвената боја.
Обично во вашите креации користите природни материјали. Какви ткаенини користевте за оваа колекција?
Михајловска: Креациите за „Калеш Анѓа“ се изработени од кадифе, памук, екокожа, со детали од филц, свилени реси и многу метални копчиња.
На последното издание на Моден викенд Скопје вие бевте избрани за најдобар дизајнер. Дали тоа ви беше мотив плус кога ја создававте новата колекција? Или пак ве обврзуваше?
Михајловска: Колекцијата „Моја Африка“ (Out of Africa), беше избрана за најдобрра колекција на тоа издание на Моден викенд Скопје. Тоа не е моја прва награда. Но, оваа награда за мене е голема чест и секако мотив за уште поголема посветеност и љубов за тоа што го работам. Наградата не ме обврзува, бидејќи јас секогаш се трудам да го дадам максимумот од себе во моите креации.
Како се облекуваат скопските девојки? Дали ви се допаѓаат?