Македонската модна дизајнерка Силвија Михајловска која стои зад брендот „Алшар“ синоќа на шенаесеттото издание на Моден викенд Скопје ја претстави новата есенска колекција „Калеш Анѓа“ инспирирана од истоимената книга на Столе Попов и македонските револуционери, особено од жените и нивната борба за слобода и личен избор.
– Кроевите и формите на креациите се инспирирани од македонските носии и облеките на нашите револуционери но претставени со асиметрични и авангардни форми, често со изразен волумен и суптилни детали од македонскиот фолклор – вели Миха.
фото: Ани и Дими
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.