Марк Вилмотс од синоќа е именуван за нов селектор на националниот тим на Брегот на Слоновата Коска. Тој ќе го налседи Мишел Дусјие, кој доби отказ по дебаклот на Купот на Африкански нации.
Вилмотс се обврза на двегодишен договор, откако го раскина договорот со Белгија по завршувањето на Европското првенство во Франција минатото лето. Вилмотс беше тренер на Шалке 04 и Сент Труден, а сега добива нов африкански предизвик.
Вилмотс на кормилото на селекцијата на Брегот на Слоновата Коска ќе дебитира против Русија за три дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.