| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Живот во бои“ на Андријана Мациев отворена во македонскиот КИЦ во Софија

Во КИЦ на Република Македонија во Софија, во присуство на бројни љубители и почитувачи на уметноста, претставници на дипломатскиот кор и Министерството за култура на Република Бугарија, беше отворена изложбата на македонскиот ликовен уметник Андријана Мациев.
На изложбата насловена како “Живот во бои”, беа претставени 22 дела, работени во акрил на платно и хартија. Ова беше прва самостојна изложба на Мациев, која веќе се има претставувано пред бугарската публика на групни изложби во Варна и Созопол.
За Андријана Мациев и нејзиниот творечки опус зборуваа Мирјана Крстева Массети, ликовен уметник и директорот на Центарот Васко Шутаров, кој и ја отвори изложбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top