| четврток, 6 декември 2018 |

Спортинг Лисабон загриза за Стефан Ристовски!

stefan ristovski 1

Скаутите на Спортинг Лисабон на чело со тренерот на сениорската екипа Жорж Жесус, будно го следи македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и ќе направи максимални напори да го донесе во летниот преоден рок.

Бекот на Ријека игра сезона од сништата и настапи на 28 натревари во хрватскиот шампионат. Некогашниот вардарец смета дека ова е идеалната сезона да ја освои титулата со Ријека.

stefan ristovski

Сепак, неговите добри игри не останаа незабележани и според португалскиот „Рекорд“ веќе започнале и преговорите и Ристовски треба да се пресели во Лисабон од следниот шампионат на Португалија. Скаутинг службата на Спортинг го оцени бекот за модерен фудбалер со офанзивни карактеристики и би се вклопил на идеален начин во стилот на тренерот Жесус.

Португалскиот гигант минатата сезона заврши на второто место во Примеира и сезонава играше во групната фаза на Лигата на шампионите, но заврши на четвртото место во група со Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Легија Варшава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top