Стефан Ристовски имаше одлични партии во дресот со државниот грб во Торино и во Струмица, а по вчерашниот настап во Лисабон против Јувентус ги заслужи и комплиментите од португалската публика.
Сепак, македонскиот репрезентативец беше повлечен порано од дуелот во кој имаше главна заслуга за освоениот бод на неговиот тим, па селекторот Игор Ангеловски на денешната прес конференција потврди дека и самиот бил загрижен да не станува збор за повреда.
– Го гледав натпреварот и потоа искомуницирав со Ристовски за да се уверам дека не станува збор за нешто сериозно. Тој ми кажа дека во прашање биле грчеви и дека ќе биде подготвен за настап против Норвешка, соопшти Ангеловски.
Натпреварот против Норвешка македонската репрезентација ќе го одигра во Скопје на 11 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ристовски одигра 90 минути за Спортинг Лисабон, „зелено – белите“ го прегазија Маритимо
-
Спортинг ја активираше клаузулата, Стефан Ристовски доби перманентен договор
-
Извлечени паровите во плејофот за Лигата на шампионите, Ристовски и Жута на мегдан со Олимпијакос
-
Тотенхем сака да го купи Адриен Силва од Спортинг Лисабон