| четврток, 6 декември 2018 |

Заев подготвува своја замена за градоначалник?

Заев подготвува своја замена за градоначалничката трка. Доколку партијата остане на ставот за бојкот, можно е во Струмица да истрча на избори негов роднина како независен кандидат

zoran-zaev-3-Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев подготвувал свој братучед да настапи на локалните избори како независен кандидат, дознаваме од партиски извори.

Заев се уште е несигурен дали неговата партија СДСМ ќе остане на ставот дека ќе ги бојкотира изборите за градоначаник или до 16 февруари, до кога е рокот за поднесување на кандидатски листи,  или, сепак, на крајот ќе се одлучи да учествува на градоначалничката трка на 24 март.

За секој случај, доколку Зеав на учествува на избори, наместо него ќе настапи неговиот роднината како независен кандидат.
Струмичкиот градоначалник не беше достапен на телефонот за да добиеме одговор од него дали има вистина во оваа информација која кружи низ политичките кругови.

Инаку, СДСМ засега останува на ставот за бојкот на изборите. Но, и покрај најавеното неизлегување на социјалдемократите на изборите во март, охридскиот градоначалник Александар Петрески најави кандидатура како независен кандидат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top