| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев не се откажува од Тиранската платформа за да се извлече од криминалот во кој е заглавен

zaev bara mito

Причината зошто Зоран Заев не отстапува и нема да отстапи е многу јасна. Тој е длабоко заглавен во криминал со конкретни случаи, на пример случајот „Поткуп“. Тој е фатен жив како бара мито и како кажува дека на сите им барал мито, тука е и случајот „Цареви кули“, случајот „Пуч“, вели во гостувањето во дневникот на Канал 5 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Тој сака на овој начин да формира влада, по секоја цена тргувајќи со националните и државните интереси, да врши потоа притисок да се заборави неговата одговорност. Клучната причина зошто тој не се повлекува е бидејќи знае што следува во таква ситуација, кога некој политичар ќе направи криминал, вели Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека има многу примери во светот за тоа како завршиле политичари кои барале мито, на примет случајот во Словенија со Зоран Талер, кој доби казна затвор.

-Заев е преплашен за неговата иднина, во однос на одговорноста за постапките кои ги направил. Тој по секоја цена сака одејќи директно против волјата на народот, пазарејќи се со се и сешто сака да го спречи тоа што му следува, истакнува Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top