| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Во Македонија минав седум незаборавни години!

lino cervar

Сега веќе поранешниот македонски селектор, Лино Червар, денес на официјална прес-конференција беше претставен како нов предводник на ракометната селекција на Хрватска.

Червар со „коцкестите“ потпиша договор со важност од една година, со можност истиот да биде продолжен на уште некој период.

Стратегот на Металург на оваа промоција најпрво истакна голема благодарност за Македонија, во која како што вели тој минал незаборавни седум години, а потоа откри дека повикот од дома тешко е да се одбие.

– Дојде време кога сакаш да се вратиш во својот дом, кај своето семејство, кај своите деца, своите внуци… Во 40-годишната кариера, цели 20 години бев далеку од мојот дом и морам да кажам дека животот на тренерот со куфер во рака е долго патување. Јас и од овде морам јавно да ѝ се заблагодарам на Македонија и на Ракометната федерација на оваа земја. Таму бев седум години, ме примија со широко отворени раце и навистина имам само убави спомени од таму – изјави Червар.

На крај Хрватот рече дека уште вечерва заминува за Македонија каде ќе ги започне преговорите со Минчо Јорданов и РФМ за како да се реши систуација со Металург. Пред искусниот стратег е голем предизвик, бидејќи ќе биде предводник на селекција која ќе биде домаќин на следното ЕП кое ќе се одржи во јануари следанта година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top