Иако се очекуваше конечната одлука за случајот Аријан Адеми да биде соопштена вчера, Динамо Загреб и сите македонски фанови уште еднаш „извисија“.
Неверојатно е како една така голема и сериозна институција како што е Спортскиот арбитражен суд во Лозана (ЦАС) пак ја пролонгира оваа одлука која јавноста во Хрватска и Македонија со нетрпение ја очекува. Одговор на прашањата – Дали Адеми е виновен? Дали намерно користел недозволени средства на мечот против Арсенал? Засега нема одговор од оваа установа.
Нашиот фудбалер веќе една и пол година е надвор од фудбалските терени, а секоја чест за хрватскиот шампион, кој сè уште верно го чека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.