| четврток, 6 декември 2018 |

Пред зграда: Претепан тренерот на загребски Динамо

Двајца маскирани напаѓачи, синоќа брутално го претепаа тренерот на фудбалскиот клуб Динамо Марио Цвитановиќ додека влегувал во својата зграда. Тој потоа повикал полиција и побарал лекарска помош, при што е утврдено дека се здобил со фрактура на подлактицата.

Овој напад е само еден во низата напади кои се случуваат во Хрватска во последно време, а според загрепските медиуми веројатно станува збор за предупредување.

Цвитановиќ изјави дека мотивот за нападот му е непознат, но верува дека станува збор за некој вид предупредување, бидејќи цел на таквите напади обично е да се предупреди жртвата на некого или нешто.

Повеќе такви напади се случија во Хрватска во последно време. Неодамна, во два наврати беше нападнат советникот на Динамо Здравко Мамиќ, од кои едниот е оквалификуван како обид за убиство. Мамиќ прво беше нападнат на Бол на Брач, каде беше удрен во глава по што падна во морето. Околу месец и половина подоцна, засега непознати лица на Мамиќ му пукаа во нога, а потоа побегнаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top