Продолжува антитерористичката акција на парискиот аеродром. Делови од него се евакуирани, а на патниците не им е дозволено излегување од авионите.
Француската полиција го пребарува аеродромот Орли кај Париз, стравувајќи дека напаѓачот кој беше застрелан од полицијата, поставил некаде експлозив.
Локалните медиуми пренесуваат дека мажот бил застрелан и убиен од полицијата откако се обидел да украде оружје од полицаец, по што побегнал во продавница на аеродромот, потврди министерот за полиција.
Не се исклучува можноста за заложничка криза, ниту дека напаѓачот има помагачи.
Минатиот месец вооружен маж со нож нападна војници во Лувр, по што беше убиен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.