| четврток, 6 декември 2018 |

Франција и Германија одбележуваат 50 години од помирувањето

Франција и Германија денеска одбележуваат 50. години од потпишувањето на договорот што беше основа за помирување на поранешните непријатели и создавање на денешната Европска унија.

Германските и француски лидери имаа средба во Берлин, а двата парламенти одржаа заедничка седница.

Елисејскиот договор е потпишан на 22 јануари 1963 година од страна на Шарл де Гол во име на Франција и германскиот канцелар Конрад Аденауер. Франција и Германија по повод одбележувањето на овој фестивал на пријателството објавија поштенски марки, монети и останати предмети посветени на годишнината.

– Кога Франција и Германија се сложни, тогаш од тоа произлегуваат добри решенија – изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Членовите на двете влади имаа заедничка кабинетска вечер, а ќе биде одржан и концерт.

Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд вчера имаа состанок зад затворени врати.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top