| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Партиите веќе не се главен политички фактор во Македонија, фактор е македонскиот народ

Za zaednicka Makedonija 1 den

„Пластелинов“ од народ кој не знаел кој е и што е да ти бил поцврст од гранит. Ем тоа кубур уште не извадил. И од што се усрани, ете ги кај го извадија сценариото В. Оти Б експресно им пропадна. Немало да влегуваат насилно во Собранието!? Ќе ги активирале малите ноќни поглавички разговори!? Со олеснувачи, разбира се. Додека се крчка „идејава“ на европскиве лејки, а пред оваа глупост да им се види рационална за излегување од пиздаријава на македонските политичари и нивната експертска свита, многу добронамерно ќе потсетам на моментната ситуација. Оти да нема после не знаевме, не сме се разбрале, тоа, ова, пишува Миека Велиновска во својата последна колумна Сега политички фактор е само црвено-жолта Македонија.

– Морално беше, Пиги! Ме притиснаа, сила бога не моли, сега веќе не игра! Kако прво, Шумарот веќе втрча на теренот. Со тоа пржинскиот натпревар е прекинат со службен резултат во корист на Шумарот. Ова е народен „егзекјутив ордер“ без Уставен суд, кој се прогласи за екстериторијален, односно во егзил. Со ѓоа влада и ѓоа Собрание. Партиите се во соблекувални. Судиската тројка е љубезно изнесена надвор од теренот. Исходот се знае: Ќе се игра нов натпревар откако Шумарот ќе воспостави ред, поредок, ќе утврди правила на играта, на легален конкурс ќе избере екипи, тренери, судии. Без протекции и врски.

– Ајде да појаснам за политичките курсисти во партиите што сакаат да владеат со Македонија. Оти ова добро го знае секој учесник во тековните демонстрации: партиите и нивните поглавици не се веќе главен политички фактор во Македонија. Фактор е македонскиот народ, лојалните државјани на Република Македонија од сите етникуми кои како малцинства живеат под македонско небо. Тие се владетелите и стопаните на државата. Македонскиот народ не сака повеќе да договара, преговара и разговара со неписмени дивјаци од западното европско поднебје за теми и прашања кои се наши внатрешни, а уште помалку за тоа како ќе си ја уредиме, за кого смееме да гласаме, кога ќе гласаме и кога ќе се попишеме, како ќе ја викаме државата, како ќе се самопрепознаваме сите ние, на кој јазик ќе говориме службено и неофицијално, пишува Велиновска во својата колумна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top