| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Кај може на збирштина дегенерици да им е јасна црвено-жолта Македонија?

 

Za zaednicka Makedonija 3 den (20) (Custom)

Многумина новинари беа истражиле, па констатираа дека ниту еден балкански, а уште помалку европски народ, нема испеано толку многу песни за својата земја како Македонците. Ме потсети сето ова на една дамнешна изјава на Владимир Дедиер дека од сите европски народи, само македонскиот има шанси да опстане како етникум со сите свои изворни својства затоа што има силен и богат фолклор и чувство за национална припадност која ја изразува преку својата музика, уметност, поезија и литература, пишува Мирка Велиновска во својата последна колумна Сега политичка фактор е само црвено-жолта Македонија.

– И еве н` денес пак сме им загатка со илјада непознати на „западњациве“. Па, да. Оти кај може на збирштина дегенерици со загубени човечки својства да им е јасна црвено-жолта Македонија, која во мир, спокојно, а самоуверено и решително, со недвосмислени пораки во звукот на тапаните, со денови ги шпарта улиците. Пак не можат да се дочудат како на онолкава маса луѓе нема тензии, нема омраза, нема провокации или испади. Зошто не им успева да ја испровоцираат? Пак ли небото ги штити Македонците? Па ајде што се чудат, туку почнаа да се плашат! Ги фаќа нервоза.

– Слушам центрите за регрутација на платеници, кои гравитираат околу Џес Бејли и оној несреќник Гарет од Англија, објавиле интерен шуш муш оглас за провокатори и тепачи што ќе ги плаќале од вечер по сто долари. Ако ова е точно, тогаш тврдам дека лузерите Бејли и Могерини, Заев и Рама, Радмила и Хашим, Трифун и неговиот личен Албанец, Агим Kрасниќи, со кого си тераат соживот (вопреки Борис Дамовски Егеецот кој им пречи во сношајот), ехеее уште од кога Трифунчо се заљуби како дрт тетреб на прв поглед во „лепотанот“ од Kондово и кој случајно во тоа време кога се крчкаа локалните избори, заедно со својата банда, пола година го држеше во заложништво Скопје, сега се посрани од страв, наведува Велиновска во својата колумна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top