| четврток, 6 декември 2018 |

Екстра-талентите Магдевски и Николов во составот на Србиновски за Медитеранските игри

Екстра-талентираните кошаркари Андреј Магдевски и Кристијан Николов ќе дебитираат за сениорската репрезентација на Македонија, на Медитеранските игри во Мерсин, Турција. Турнирот во кошарка ќе се игра од 18 до 25 јуни, а ние сме во група со Египет, Алжир и домаќинот Турција.

В понеделник репрезентативците ќе го имаат првиот собир. Селекторот Марјан Србиновски го објави списокот од 17 кошаркари на чии услуги ќе смета во следниот период, од кои потоа ќе го избере тимот што ќе го носи „црвено-жолтиот“ дрес на Медитеранските игри. Првиот тренинг ќе почне в понеделник во 10.30 часот во салата „Градски парк“ во Скопје, а на него треба да се појават следниве кошаркари:

 

Александар Костоски, Дарко Соколов, Марко Симоновски, Бојан Трајковски, Владимир Брчков, Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Горјан Марковски, Оливер Двојаковски, Љубомир Младеновски, Огнен Стојановски, Александар Штерјов, Димитар Караџовски, Марјан Јанески, Синиша Аврамовски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top