| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ ги откри причините за поразот од Ник Кирјос

На втор турнир во низа, Ник Кирјос го надигра некогашниот најдобар тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, овој пат на првиот мастерс во Индијан Велс. Србинот беше тотално надигран од контроверзното момче од Австралија, а по мечот изјави дека условите повеќе му одговараа на неговиот противник.

– Овие услови повеќе му одговараат на тенисер кој има одличен сервис. Тешко можеш да го процениш неговиот сервис, беше многу брз и топката високо отскокнуваше. Ме изненади и неговиот втор сервис, кој беше прецизен и точен и ретко правеше двојни сервис грешки. Кога играш со така расположен сервисер, тогаш притисокот е врз вас, а јас паднав уште во првиот гем и му дозволив на противникот да ја има контролата уште на стартот. Не успеав да се вратам во тие моменти и поразот беше за очекување – вели Ноле.

Со овој пораз Ѓоковиќ загуби значајни 910 бода на АТП листата, следен турнир на кој веќе пријави учество ќе му биде вториот мастерс оваа сезона во Мајами, каде исто така и таму ја брани титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top