Екипата на Лестер измзинативе недели се најдоа во центарот на вниманието, откако најпрвин го избркаа тренерот Клаудио Раниери, а во вторникот успеаа да се пласираат во четврт-финалето во Лигата на шампионите.
На местото на искусниот Италијанец дојде Крег Шекспир, кој за кратко време успеа да ја врати хармонијата во клубот, а тоа најдобро се изрази во вторникот, каде што на домашен терен беше победена Севиља со 2:0.
Тимот кој минатата сезона ја освои титулата во Премиер лигата, во првиот дел од оваа имаше големи проблеми и се бореше за опстанокот. Според поранешниот помошник Лестер Кевин Филипс, да не беше Шекспир, Лестер немаше да ја освои титулата во Премиер лигата.
– Работев со Раниери и видов дека организацијата не е добра. Шекспир беше тој што ги држеше работите под контрола. Да не беше тој, во Лестер ситуацијата ќе пукнеше многу порано, бидејќи Раниери често леташе во Италија – изјави Филипс.
– Секако дека главниот тренер ги зима заслугите за титулата, но прашање е дали истата ќе беше освоена да не беше Шекспир” додаде некогашниот помошник тренер во Лестер – додаде Филипс.
Англискиот првак остана единствениот претставник од оваа држава во четврт-финалето во најелитното клупско натпреварување, а својот противник ќе го дознае на утрешниот ждреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Лестер го барал Клаудио Раниери да се врати
-
Лестер во проблем заради Адриен Силва: Го платија 22 милиони фунти, а не можат да го регистрираат